Реакција од страна на градоначалникот Александар Петрески во однос на поднесената кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“, против раководителот на ЈП „Охридски комуналец“.

– Во однос на кривичните пријави кои се пуштаат до мене или до директорите на јавните претпријатија, мојата реакција е иста како и претходно. Денес секој еден будала може да седне и напише десет кривични пријави, само треба да се најдат такви, рече Петрески. 

Првиот човек на ЈП „Охридски комуналец“ моментално е на службено патување. По враќањето најави дека ќе даде и свој коментар, односно видување по поднесената кривична пријава.

OhridNews