Фирмата „Линк медиа плус“ вчера обвини дека СДСМ врши медиумски притисок кон неа поради долгот што општина Охрид, чиј градоначалник е од редовите на оваа партија, го има кон неа.
Градоначалникот на Охрид, посочи дека не е тајна оти општината има долгови, вклучително и за украсувањето на градот од пред две години, но и дека сето тоа се должи на блокираната жиро сметка на градот.
– Општина Охрид има сериозни проблеми во однос на финансиите и затоа барам поголема децентрализација и Владата да дозволи да земеме кредит како што земаат сите и да не се опструира работата на општината како што се случуваше во минатото, а дека имаме долгови имаме, рече Петрески.