Иако постои веќе неколку години, никако да се реализира идејата за изградба на Дом за стари лица во Охрид.

Градоначалникот Александар Петрески тврди дека изградбата наскоро ќе започне, иако не може да прецизира кога тоа точно ќе се случи.

– Планот со утврдената локација навреме беше поднесен пред советниците , имаме комплетна документација за да се даде одобрение за градба. Локацијата која се избра како најсоодветна се наоѓа на државно земјиште, па поради тоа, испративме допис до министерството за транспорт и врски за продажба на ова земјиште, но и по изминати две години  земјиштето не е огласено за продажба . Сега очекуваме дека тоа со останатото државно земјиште кое го бараме ќе и се врати на локалната самоуправа , вели Петрески.

Предвидената локација за изградба на Дом за стари лица е кај хотел Магнус на површина од 7000 метри квадратни.

OhridNews