Општина Охрид со отстранување на воочените проблеми и воведување новини ќе го решава проблемот со паркирањето во Охрид, и најверојатно нема да го раскине договорот со сегашниот концесионер на паркинзите во градот, што како можност беше најавена неодамна од страна на градоначалникот Петрески.

-Јас кажав и стојам на тоа дека сите увидени слабости поврзани со паркирањето во централното градско подрачје ќе ги отстраниме, и не само тоа, ќе извршиме подобрувања. За таа цел Советот на општина Охрид ќе донесе соодветна одлука на денешната седница. Како ќе го направиме тоа е наша умешност, не мора да соопштам детали, но битно ќе го направиме. Битно е дека ќе има нов начин на паркирање, ќе се отстранат рампите, ќе се воведе друг систем на наплата, ќе се решат проблемите со таксистите. Сето тоа ќе го направиме на начин општината да не биде оштетена, затоа што еднострано раскинување на договорот може да ја чини општината
, изјави градоначалникот Петрески.

Ваквиот став предизвика реакција од советничката група на ВМРО ДПМНЕ која го обвини првиот човек на опшината за недоследност.

-Останува сомнеж дека не се има добра намера за решавање на проблемот со паркинзите во Охрид, особено што сега како што се поставени тие нанесуваат штета на граѓаните, таксиститe, но и на туристите, истакна координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски.

Петрески ги отфрли ваквите забелешки посочувајќи дека ВМРО ДПМНЕ не треба да се грижи дали тој ќе го почитува дадениот збор, туку треба да се грижи колку нивниот премиер и министри стојат на дадениот збор.

OhridNews