Петрески: Експертите на ВМРО ДПМНЕ да се загрижат каде оди државата
27.05.12 00:07
Кабинетот на градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, со соопштение реагираше на ставовите изнесени на трибината посветена на состојбите и перспективите на градот, што се одржа вчера во организација на ВМРО ДПМНЕ.
„Загрижените „ експерти“ од ВМРО- ДПМНЕ од Охрид, добро е што конечно, јавно на партиска трибина се запрашаа „каде оди мојот град“ и со што тие лично придонеле за неговата подобра иднина. Наместо да ја напаѓаат локалната самоуправа, подобро беше да го постават и прашањето „ каде оди мојата држава“ и каква е одговорноста на нивните сопартијци од централната власт, кои Република Македонија ја донесоаа на работ на сиромаштијата и на периферијата на евро- атланските случувања“, се вели во реакцијата.
Локалната самоуправа сметата дека експертите од ВМРО- ДПМНЕ, работат во државни институции или вршат функции со амин на владеачката партија, преку кои директно се одговорни за решавањето на отворените прашања за иднината на Охрид, кои сами ги потенцираа на партиската трибина.
„Тешко на Охрид, ако неговата иднина ја оставиме на сеирџиите, демагозите и политикантите. Уплашени за својата партиска позиција и можноста да не ги зафати бранот на нивниот лидер Груески , си ја жртвуваат иднината на својот град. Молчат пред очебијните факти дека централната власт на ВМРО- ДПМНЕ, ништо не прави за Охрид и ги опструира сите проекти на локалната власт. Постојат бранови, но постојат и олуи. Многумина кои сега на разни начини ја уништуваат иднината на Охрид и Македонија, треба да знаат дека олујата, нив и нивните ментори, ќе ги исфрли на темниот брег на историјата.“, стои во соопштението од Кабинет на градоначалникот Александар Петрески.
Две возила вечерва се судрија на автопатот во изградба Охрид-Кичево, во близина на Охридскиот аеродром Несреќата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој истакна дека повеќе лица се ...
Со црковни церемонии претстојниот викенд во Охрид ќе биде востоличен новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј По тој повод Македонската православна црква – Охридска А...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.