– Во рамки на своите надлежности, не само во овој актуелен миг, туку од првиот мандат, градоначалникот ги поддржува сите активности против дискриминацијата, асимилацијата и политичката манипулација, особено за време на избори, на сите граѓани вклучувајќи ги и Египќаните, кои многу пати досега докажале дека се лојални граѓани на Македонија. Градоначалникот Александар Петрески, од секогаш стои и ќе стои зад сите легитимни барања на Египќаните, особено за нивно поангажирано вклучување во јавниот живот, како во општина Охрид, така и пошироко во земјата, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот.
Денес, членовите на Здружението на Египќаните во Македонија, Сојуз на Балканските Египќани и Здружението за мултикултурна интеграција- Инклузија, поради незадоволството од начинот на кој се планира да се спроведе престојниот попис, , под мотото “ Доста е со дискриминацијата врз Египќаните- заеднички да ја градиме иднината” , одржаа протестен марш.