Петрески го потпиша решението за директор на Проаква, се чека Мерко
15.12.11 12:16
Градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески денеска го потпиша решението за именување на нов директор на меѓуопштинското јавно претпријатие “Проаква“.
За нов директор е назначен Златко Старкоски. Тој на раководната функција во Проаква ќе го замени Игор Блажески кој во изминатите месеци ја извршуваше функцијата директор.
За верификацијата на мандатот на новиот директор потребено е согласност од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се уште го нема потпишано решението за именување на Старкоски . Градоначлникот Мерко не беше достапен за коментар, бидејќи како што велат службите се наоаѓа на службено патување.
Градоначалниците на Охрид и Струга веќе извесен период се обидуваат да ги усогласат ставовите околу изборот на нов директор на “Проаква“. За сега единствено градоначалникот на Охрид официјално се изјасни и го потпиша решението за нов директор.
Останува да се види дали Старкоски е решение кое ќе го прифати и градоначалникот на Струга.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...