Американскиот амбасадор Пол Волерс , денеска беше во прва официјална посета на Општина Охрид, при што беше пречекан од градоначалникот Александар Петрески.

На средбата, градоначалникот Петрески го информира амбасадорот Волерс за функционирањето на локалната самоуправа и проблемите со кои се соочува , потенцирајќи го проблемот околу децентрализацијата на власта . Амбасадорот на САД во Македонија , Пол Волерс , истакна дека двете држави имаат одлична соработка и вети дека таа ќе се унапредува, не само на централно туку и на локално ниво.

Градоначалникот Александар Петрески и американскиот амбасадор Пол Волерс , заедно посетија дел од најзначајните културни споменици и учествуваа на церемонијата по повод завршувањето на третата фаза на акцијата за подводно деминирање на Охридското Езеро.

OhridNews