Градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот Душко Јаковчески на сите граѓани со муслиманска вероисповед им го честитаат празникот Курбан Бајрам.

–    Курбан Бајрам е празник кој означува меѓусебна почит, солидарност, празник кој ги изедначува сите. Како дел од ова мултикултурно општество, мораме сите заедно да живееме еден покрај друг, да се почитуваме и да имаме хармонија. Различностите треба да бидат тие кои ќе не спојуваат, кои ќе не водат напред.Граѓаните од сите вери и заедници мора да продолжат заедно да ја градат иднината на Република Македонија. Само тој е правилниот пат за нас. Само така ќе стигнеме до целта. Денешниот празник поминете го во фамилијарна позитивна атмосфера, со желби за многу здравје,  среќа, радост, мир и хармонија, се наведува во честитката.

OhridNews