– Ви го честитаме Националниот ден на Власите , 23 мај и најискрено ви посакуваме добро здравје,среќа и просперитет.Овој ден, од 1905 година, кога Отоманското царство ви ги призна националните права ,го одбележувате како свој национален празник, како ден на кој ги потврдувате вредностите на сопствената самоидентификација. Ние, вашите сограѓани и пријатели токму на овој ден ве уверуваме дека и натаму ќе имаме добар соживот и ќе ја почитуваме вашата историја, култура и традиција, се вели во честитката на Градоначалникот Александар Петрески и Председателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески.
Петрески и Јаковчески со честитка за Националниот ден на Власите
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com