– По повод одбележувањето на големиот национален празник „ Свети Сава„ кој е и ден на Српската заедница во Република Македонија, Ви посакувам добро празнично расположение, многу здравје, среќа и радост. Одбележувањето на овој голем празник и натаму нека биде во знакот на меѓусебното почитување и унапредување на интеграцијата на Србите во Република Македонија- се вели во честитката на градоначалникот Александар Петрески.
Кон честитката се приклучува и Претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески.
– Ви го честитам Денот на „ Свети Сава“ најголемиот српски светец, просветител и државник кој отсекогаш бил знак на распознавање на српскиот народ во светот па и во Македонија со надеж дека големите личности ќе бидат мост за градење на меѓусебна доверба– се вели во честитката на Јаковчески.