Градоначалниците на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко сеуште немаат донесено одлука околу изборот на директор на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.
На конкурсот што заврши неодамна пристигнале 4 апликации на кандидати за директор чии програми се разгледуваат.
-Сеуште ги усогласуваме ставовите со градоначаникот на Струга, информира градоначалникот на Охрид, кој појасни дека не се работи за промена туку за избор на директор во редовна процедура преку конкурс.
Актуелен директор на МЈП „Проаква“ е Игор Блажески.











