Градоначалникот, Александар Петрески, на 13-ти октомври во понеделник своето работно време ќе го посвети на граѓаните.

Тој ќе ги прима во сопствените работни простории и ќе ги слушне нивните проблеми.

Од неговиот кабинет соопштуваат дека ваквата практика на непосреден контакт мора да продолжи во интерес на локалната средина.

Оттаму велат дека на изминатите средби со Петрески, граѓаните најчесто барале вработување на некој член од нивното семејство.