Заврши распишаниот јавен конкурс за избор на директор на четирите јавни претпријатија МЈП Проаква, ЈП Билјанини извори, ЈП Погребални услуги и ЈП Градски пазар, со кои во изминатите неколку месеци раководеа вршители на должност.

Од локалната самоуправа не откриваат колку лица пројавиле интерес да седнат во директорската фотелја на овие четири јавни претпријатија, со објаснување дека сеуште се чекаат евентуалните пријави кои во текот на денот би стигнале по пошта.

Согласно законските прописи, градоначалникот на општината, Александар Петрески, е должен во текот на наредните 20 дена да донесе конечна одлука кои луѓе ќе раководат со овие јавни претпријатија. Во меѓувреме ќе се вршат потребните консултации и средби помеѓу градоначалникот и пријавените кандидати.

OhridNews