Она што се пласира во дел од медиумите дека постои опасност Охрид да биде избришан од листата на УНЕСКО се само злобни коментари и воопшто нема вистина во таквите тврдења, изјави градоначалникот Александар Петрески.

– Неодамна во Охрид престојуваше и генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова при што беше укажано дека таква опасност не постои. Токму тогаш беше и укажано дека грижата за културното наследство во Охрид се одвива во добар правец и дека треба Охрид да продолжи да се развива согласно модерните текови, секако тоа се однесува во новиот дел од градот, потенцира Петрески.

Според него, многу други причини можат да доведат до евентуалната опасност од бришење на Охрид од листата на УНЕСКО, но тоа не може да биде развојот на градот и изградбата на модерните објекти.

OhridNews