Градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот, Душко Јаковчески на сите граѓани на Охрид и на Република Македонија им го честитаат чествувањето на двата Илиндена.

–    Мораме да бидеме посебно благодарни и горди на нашите предци кои ги поставија цврстите темели на нашата држава. Мораме во иднина да го зачуваме нивното дело. На  нивната храброст и успех Македонија ќе се сеќава секогаш и ќе ги чествува. Денешните генерации треба да ги слават и препознаваат идеалите од Илинден 1903 и Илинден 1944 и да ги продолжуваат нивните дела. Празничните денови поминете ги со многу здравје и во мир и хармонија – стои во Илинденската чесетитка на градоначалникот Петрески и претседателот на Советот Јаковчески.

OhridNews