Експресната реакција на охридскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција на градоначалникот Александар Петрески изобилува со елементи на навреда на достоинството, омаловажување на личноста и деградирање на функцијата Градоначалник. Сите овие елементи подлежат на Законот за кривична постапка.
Заради ваквата содржина на реакцијата од ОК ВМРО-ДПМЕ од Охрид, градоначалникот Петрески преку својот адвокат ќе поднесе кривична пријава, се вели во соопштението на Oпштина Охрид.












