Јас лично им ветувам на сите вработени во ЕМО, дека ќе застанам зад нив и се што треба да земаат што им должи ЕМО и  државата како доминантен сопственик, дека тоа ќе биде направено.“ – изјави акутелниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, на денешната прес-конференција одржана пред поранешниот гигант на охридското и македонското стопанство „ЕМО“.

Петрески ја обвини централната власт за неисполнување на ветувањата од предвремените парламентарни избори во 2011-та година, односно за неисполнување на обврските ветени со најавениот план на Владата за ревитализација на компанијата.

Според последните случувања кога Владата ги докупи акциите, во АД ЕМО сопственик е државата. Оваа иста Влада има потрошено 17 милјарди евра буџетски средства, а иако ветија на изборите во 2011-та дека за ЕМО ќе одвојат само 7 милиони евра за да можат да се расчистат вработените со плати и придонеси, тоа не го сторија и немаат намера да го направат.“ – истакна Петрески.

Според него, жално е што АД „ЕМО“ како гордост на градот и земјава, завршува на најкриминален начин.

Ги замамија вработените, како во ЕМО имало уште работа само додека поминат изборите. Градот живееше од ЕМО, ствараше најкапитални работи во електроиндустријата во Македонија , а на најкриминален начин завршува тажно. И последното пред избори што им го ветија на вработените дека редовно ќе земаат плат. И неа не ја исплаќаат.“  – додаде Петрески.

На прес конференцијта за состојбите во охридскиот гигант, се осврна и Драган Молкоски од синдикатот на ЕМО, кој е во судски процес со компанијата.

1150 вработени кои во моментов се наоѓаат распределни во 48 друштва ДОЕЛИ, за кои се води  стечајна постапка. Од нив ќе останат само три ДОЕЛИ, во кои треба да ги префрлат своите лојални вработени, додека другите ќе одат во стечај. Двете друштва се формирани во 2012-та година, а едното во 2011-та. Акционерското друштво е во постојана блокадата, односно со блокирана жиро сметка веќе година и пол. Тоа е  со една цел, вработени да не можат да ги наплатат своите побарувања. Нормално на тој начин ќе се изиграат и другите доверители.“ – истакна Молкоски.

OhridNews