Селекторот Горан Петрески го искористи слободниот термин за да го направи финалното воигрување на селекцијата до 17 години пред квалификацискиот турнир кој во 24 до 29 октомври се игра во Струмица. Селекторот е задоволен од двомечот со соодветната селекција на Албанија на која можел да испроба неколку таткички варијатни.
– Низ целиот тек на натпреварот ја имавме иницијативата на теренот шансите се редеа пред голот на противникот но целта ја погодивме во второто полувреме. Мечот беше релативно тежок поради брзото темпо кое го наметнавме уште од самиот почеток. Задоволен сум и оптимиста дека може да ја минеме првата фаза од групата – вели Петрески.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Доријан Бабунски кој е дел од македонската репрезентација до 17 години, потенцираше дека желбата за победа била одлучувачка
– Многу добро го одигравме натпреварот против Албанија, ја контролиравме играта и знаевме што сакаме од самиот почеток. Во овие осум месеци колку сме заедно нашата репрезентација бележи голем напредок, како во играта на тактички така и на психички план. Нема да ни биде лесно на квалификациите, но очекувам да ја минеме првата група –вели Бабунски.
Македонија се наоѓа во во треттата квалификациска група заедно со репрезентациите на Сан Марино, Шкотска и Турција. Двете најдобропласирани селекциии ќе обезбедат пласман во квалитативната квалификациска група. ЕП за фудбалери до 17 години се игра во Швајцарија 2012 години.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com