Градоначалникот Александар Петрески, вчера оставри средба со пратеникот од европскиот парламент Роберт Волтер. Европратеникот  се интересирал околу имплементацијата на Охридскиор рамковен договор, реформите во администрацијата, меѓуетничките состојби, ситуацијата со медиумите и односот на локалната самоуправа со централната власт.

Градоначалникот Петрески истакнал дека децентрализацијата, како еден од условите за влез во Европската унија, е главниот проблем што Република Македонија ја кочи на патот кон ЕУ. Тој го информирал европратеникот Волтерс за неспроведувањето на децентрализацијата од страна на централната власт, за малиот процент средства кои државата ги дава на општините, економското ембарго, неинвестирањето и кочењето на развојот на Охрид од страна на државата. -Исто така, како посебен пример на неспроведување на децентрализацијата во пракса, Петрески го истакна примерот со назначување началник на општинската полиција. Беше претставена и изградбата на универзитетски кампус на местото на старата касарна, информираат од Локалната самоуправа.

Градоначалникот Петрески го поканил европратеникот на промоцијата што Општина Охрид сама ја организира во Лондон во периодот од 21 до 28 мај годинава.

OhridNews