-Покрај блокадата околу влегувањето во втората фаза на децентрализацијата , деновиве не информираа дека ќе ни испратат разни инспекции што е своевиден притисок.Амбасадорот Соренсен го информирав и за другите проблеми и очекувам дека лично ќе се заложи да помогне во нивното решавање. – рече по средбата Градоначалникот Александар Петрески.
Амбасадорот на Европската унија во Македонија Петер Соренсен вчера средба со градоначалниците на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко. Тој се сретна и со со координаторите на советничките групи во Советите на општините Охрид и Струга, а посети и дел од објектите изградени со средства од фондовите на Европската унија, информираат од локалната самоуправа.