Градоначалниците им честитаа на пензионерите за постигнатите високи резултати на олимпијадата и им посакаа и понатаму да бидат меѓу најуспешните.
Пензионерите- спортисти од Охрид и Дебрца од олимпијадата во Скопје, на која учествуваа над 400 спортисти од сите здруженија во земјата, се вратија со освоени златни медалји во сите 12 спортски дисциплини.
Охридската спортска екипа учествуваше со 36 натпреварувачи, 18 во женска и 18 во машка категорија.