Градоначалникот Петрески денеска ќе оствари средба со граѓаните на Охрид. Заради поголема ефикасност во решавањето на проблемите или барањата на граѓаните, со градоначалникот ќе бидат и раководителите на секторите на администрацијата како и директорите на јавните претпријатија, информираат од локалната самоуправа.
Вакви средби како што најавуваат од општината ќе се одржуваат еднаш месечно, а приемни денови кај градоначалникот ќе бидат вторник и четврток од 12- 14 часот.












