Како што истакна градоначалникот, оваа награда значи многу и за Охрид кој добива уште една значајна награда во областа на книжевноста.
– Димоски има многу направено за Охрид и преку манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ чиј е иницијатор и организатор и која манифестација прераснува во меѓународна и може да се рамни со Струшките вечери на поезијата, рече Петрески.
Добитникот на престижната награда , Славе Ѓорго Димоски потенцира дека неговото задоволство е уште поголемо затоа што тој е еден од промоторите на македонската современа поезија надвор од границите на Македонија.
– Ова е орден општо на литературата која се доделува на истакнати личности од светот кои дале придонес во афирмацијата не само на матичната, туку и на светската литература. За мене е големо задоволство што доаѓам од земја со мало јазично подрачје, изјави Ѓорго Димоски.
Охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски има објавено девет книги поезија, пет книги детска поезија, три книги есеи. Неговите дела се преведени на повеќе светски јазици.