Државниот советник во министерството за култура, Дарко Стефаноски, го повика охридскиот градоначалник да ја преиспита одлуката дека на Охрид не му се потребни унифицирани продавници за сувенири, кои се дел од проектот на министерството за култура за промовирање на културните вредности.

Стефаноски при вчерашното отворање во Крушево, на шестата од вкупно дваесетте предвидени за поставување во градовите низ земјава, рече дека само градоначалниците на Охрид и Струмица се изјасниле дека немаат потреба од вакви продавници и повика на преиспитување на нивните одлуки затоа што тие не одат во прилог на запознавање на туристите со нашите вредности.

– Потребата од вакви објекти одамна е неминовна, со што на туристите пред се странските, ќе им бидат понудени различни производи кои се групирани во три категории. Во нив се нудат музејски копии на археолошки предмети пронајдени на археолошките локалитети ширум земјава, модерни сувенири, монографии, ДВД-изданијата за македонската држава и нашите културни вредности, потоа мапи, карти, и сето она што ќе не претставува пред туристите и што тие ќе можат да го понесат со себе“, истакна Стефановски.

Со овој проект на Министерството за култура, освен во Скопје и Крушево,предвиднео е сувенирници да се постават и во Дојран, Ресен, Берово, Тетово, Битола, Струга, на граничните премини.

OhridNews