Градоначалникот Александар Петрески, смета дека персоналните измени во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија во Охрид, се непотребни, освен за два до три члена кои биле неактивни.

Советниците на продолжението на 24 та седница на Советот на општина Охрид ги усвоија одлуките за разрешување и именување нови членови во УО и НО во охридските јавни претпријатија „ Охридски Комуналец“, „ Билјанини Извори“ и МЈП „Проаква“.

На одлуката на советот реагираше градоначалникот, според кого, најголемиот дел од членовите на одборите совесно си ја извршувале работата.

OhridNews