
Петрески рече дека за разлика од неговиот противкандидат, тој досега трипати им се заблагодарил на граѓаните кои гласале за него, но и на оние кои гласале за Трендафилов, зашто како што рече, сите покажале високо ниво на политичка култура и демократија.
„Кирил Трендафилов треба да се потруди да ја научи лекцијата што му ја дадоа граѓаните на 5 април “, кажа Петрески и додаде дека не постои ниту една причина за прегласување, освен, како што рече, силната волја на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, по секоја цена да стане градоначалник.
Постапките и изјавите на Нанче, според Александар Петрески, водат кон притисок врз општинската и државната изборна комисија и управниот суд, но сега од позиција на централна власт во државата.
„Трендафилов, најверојатно се подготвува да митингува, а ја занемарува слободно изразената волја на граѓаните“, подвлече Петрески.
Ohridnew












