Според кандидатот за градона;алник од Сојузот за иднината, Александар Петрески, кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во чии рамки се емитуваат рекламни спотови во кои се појавуваат интелектуалци од Охрид, е плагијат на претходната кампања која се водела за минатите локални избори.

– Во оваа прилика би сакал да истакнам дека јас не им се лутам на луѓето кои зборуваат во спотовите и кои се мои блиски пријатели, затоа што разбирам што значи притисок и диктаторско однесување од оваа власт. Ако Груевски можеше да натера уметници да зборуваат за буџет, ако студенти беа тепани на градскиот плоштад во Скопје, ако професори протестираа против професори, ништо повеќе не ме изненадува, рече Петрески.

Петрески додаде дека очигледна е лажната љубезност на Бакрачески кој ги терал останатите да зборуваат наместо него, со цел тој да остане пристоен во текот на кампањата.

– Факт е дека тој седи позади сите пресови и изјави на ДПМНЕ и дека неговата лажна љубезност, односно она што охриѓани го викаме подмуклост е повеќе од очигледно, изјави Петрески. 

Т.К.