
Ваквите најави на градоначалникот доаѓаат по неодамнешните немили настани во Охрид, кога сеуште непознати сторители нагрдија три грчки туристички автобуси од Грција, на кои беа испишани пароли и навредливи пораки.
Општината најави дека акцентот во наредниот период ќе го стави на анимирање на туристите од соседните земји. По тој повод претставници на општината ќе земат учество на туристичкиот саем што наскоро ќе се одржи во Велико Трново во Бугарија.
Првиот поголем бран гости од соседството градот го очекува за претстојните Велигденски празници.












