
-Не знам за која општина мисли но за Охрид може само да сонува. И Германија тргна на Русија но ја изгуби и Германија, така да можам да му порачам на Груевски дека ќе ги изгуби и овие локални избори, но и централната власт, а и ВМРО ДПМНЕ, рече Петрески.
Убеден во триумф на Петрески во Охрид е и генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров.
-Во контактите со луѓето преовладува единствено мислење дека нашиот кандидат за градоначалник на Охрид Александар Петрески со поддршката на СДСМ и на сите опозициски партии заедно ќе биде новиот градоначалник на Охрид, изјави Петров.
Во рамки на проектот „Работно лето“, раководството на СДСМ викендов престојува во Охрид и Дебрца, каде оствари средби со граѓани на повеќе населби и села.












