“Општина Охрид во рамките на своите можности ќе продолжи да ги следи, да им помага на сите споротови кои допринесуваат за промоција на градот, но исто така да ги наградува успесите на охридските спортисти“ рече градоначалникот на Охрид, Александар Петрески на доделувањето на наградите за најдобрите на “Манифестацијата спортист на годината“ .

Градоначалникот ја потенцираше важноста на Сојузот на спортови кој треба да биде двигател на работите. Спортот во Охрид е од посебно е значење и тоа не само за спортистите во градот туку и за развојот на спортскиот туризам. 

– Спортот во Охрид е оставен на ентузијасти кои едвај успеваат да врзат крај со крај. Ние како општина се трудиме максимално да ги помагаме сите спортови, почнувајќи од масовните, училишните па и професионалните спортови, иако во Македонија тешко е дека може да стане збор за професионализам во оваа област. Сегашните компании или немаат или несакаат да вложат средства , или пак немаат слух да го подржат спортот – истакна Петрески.

Првиот охриѓанец смета дека со правилна стратегија и со измени во законот спортот може и тоа како да заживее. Ќе се издовојат средства за развој.

– Од секој тикет уплатен во спортските обложувалници во Охрид, да се одреди колку од тие средства ќе се слеат во касата на градот кои ќе бидат употребени за развој на спортот – смета Петрески.

Градоначалникот покрај подршка за спортистите најави и ребалнс на буџетот со што ќе се зголемат средствата наменети за спортот.

М.Постоловски