– Можам да ветам како градоначалник дека по завршувањето на мојот мандат нема ниту еден денар долг да оставам на општината. Се работи за тековни задолжувања, за некои имаме фактури, некои допрва ќе стасаат по ситуации, но одговорно можам да кажам дека доколку се тргнат старите долгови, општина Охрид работи нормалнио и ги покрива своите трошоци.-рече Петрески.
Тој укажува дека општината не е профитабилна организација туку институција која работи во интерес на граѓаните и дека не треба да постои страв од некакво задолжување.
-Тврдам дека локалната самоуправа со тековното работење не создава долгови, но проблем претставуваат одредени нерегулирани работи кои се влечат со години. Пример е болницата со која стопанисува Министерството за здравство. Дел од имотот околу неа им се врати на сопствениците со денационализација, но експропријацијата наместо тој што стопанисува со имотот ја плаќа општината. Вакви нелогичности има многу.- посочува Петрески.
Градоначалникот на Охрид е убеден дека доколку на општината и биде одобрен бараниот кредит за сервисирање на старите долгови, локалната самоуправа за кратко време ќе го стабилизира финансиското работење.