– Ќе се слави, но со оглед на сиромаштијата и кризата која му се случува на поголемиот број луѓе сметам дека не треба со пари од граѓаните да се плаќаат огромни суми хонорар на познати естрадни ѕвезди кои би настапиле час или два. Подобро тие пари да се искористат за асфалтирање на улици или пак поставување канализациона мрежа онаму каде нема , категоричен е Петрески.
Градоначалникот информира дека од страна на Локалната самоуправа на 200 социјално загрозени семејства ќе им бидат доделени хуманитарни пакети.
На 31- ви попладнето како и секоја година ќе биде организирана забава за најмладите на која е предвидено Дедо мраз да пристигне со падобран, најавуваат од Локалната самоуправа.
Додека пак за главната вечерна забава уште пред неколку месеци потпишан бил договор според кој како противуслуга за помагањето на музичкиот фестивал Охридски трубадури од страна на Локалната самоуправа, композиторот Копров се обврзува дека ќе ја организира забавата во целост- во однос на музичката група која ќе настапи, сцената, озвучувањето.
– Тоа ќе биде групата Аренси бенд, но ќе настапат и млади музички имиња за кои настапот во Охрид претставува можност за нивна афирмација, вели Петрески и додава: Во тек се преговори помеѓу познат охридски бизнисмен и позната пеачка која доколку прифати да настапи во Охрид ќе биде пријатно изненадување за сите.
На полноќ е предвиден традиционалниот огномет кој ќе го означи влегувањето во новата година.