Повлекувањето на Васко Василески од директорската функција, оставката на новоназначените програмски селектори, поставувањето на  секретарката на фестивалот за вршител на должноста директор, како и  финансиските контроли кои деновиве го тресат Охридско лето, негативно влијаат не само на имиџот на фестивалот, туку и на градот и севкупното културно живеење во Македонија. Ова е ставот на Охридската локална самоуправа во врска со актуелните случувања поврзани со најголемата и најзначајна културна манифестација во земјава.

– Со се она што имавме можност да го видиме и слушнеме во изминатиот период, толку е нарушен имиџот на фестивалот, што мене не ме изненадува што ќе се случува понатаму. Јас многу пати предупредив дека со решенијата кои се носеа и кои се донесени ќе штетат на самата манифестација.  Исто така имам информации дека таму се случуваат крупни и лоши работи подолг период наназад и едноставно мислам дека Министерството бара жртви целиот криминал да го испере. Правени се многу финанасиски малверзации и многу лоши работи во рамки на целокупното функционирање на институцијата. –изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

OhridNews