Градоначалникот Александар Петрески, заедно со голем број охриѓани и туристи ,ноќеска  присусутвуваше на празничната велигденска богослужба што се одржа во црквата „ Св. Богородица- Перивлепта“.

-Нека ни е среќен најголемиот христијански празник Воскресението Христово- Велигден. Нека овој голем празник ,  ни подари многу радост во нашите срца , а во семејствата нека  ни донесе многу здравје, среќа, љубов и разбирање. Камбаните од бројните охридски црква, како и ноќва, секогаш нека бијат за добри вести– изјави градоначалникот Александар Петрески , по завршувањето на велигденската празнична богослужба во црквата „ Св. Богородица- Перивлепта“.

OhridNews