Петрески: Продажбата на ЕМО е единствениот начин за спас на фирмата
21.11.10 13:30
Продажбата на ЕМО ја гледам како единствен начин ова претпријатие да почне да работи. Против сум тоа што што оваа фирма, некогашен гигант, е донесена на просјачки стап со цел да се продаде за малку пари. Се докажа дека сегашното раководство нема капацитет да управува со претпријатието, ниту пак владата која е мнозински акционер. Сигурен сум дека она што ќе се продава од ЕМО ќе го купи некој кој што е близок до раководството или владата, но сепак и тоа е подобро одколку фирмата да пропаѓа, вака градоначалникот Александар Петрески ја коментира најавената продажба на дел од ЕМО- Охрид.
Како што е познато, идниот месец по барање на доверителот „Ремис“ на продажба ќе се најдат 98 единици на „ЕМО“- Охрид. Ќе се продава опрема, алат, материјали, трафостаница и друг инвентар на фирмата кои по вторпат ќе бидат понудени во пакет со почетна цена од 63 милиони денари.
Имотот на „ЕМО“ се продава по барање на доверителот, градежното претпријатие „Ремис“, на кое „ЕМО“ му должи 120,4 милиони денари. Во третиот квартал загубарот „ЕМО“ регистрираше загуба од околу еден милион евра.
Компанијата за периодот од 2007 до 2009 година има загуба од речиси 9,5 милиони евра.
Општинската изборна комисија Охрид со известување до жителите за промена на некои места кај што ќе може да го остварат своето избирачко право Жителите на улица „Александар Турунџиев“ со куќен број ...
Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето кај корисниците на дел од улиците „Кеј Македонија“, „Партизанска“ и „АСНОМ“, најавуваат од ЈП Водовод Охрид Поради изведување на поголем технички зафат во ...
Започнува подготовката на зимница Пазарот во Охрид понеделнички раздвижен Забележливо зголемена понудата на зеленчук и овошје потребни за подготовка на традиционалниот македонски ајвар, лутенка, кр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.