Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески смета дека првиот човек на општина Охрид е на мета на одредени медиуми. Оттаму реагираат на објавувањето на негова фотографија на насловна страница во еден од дневните весници, и како што се наведува во соопштението, тендензиозно и неосновано омаловажување на неговата личност од страна на одредени електронски медиуми.

 – Јавноста треба да знае дека фотографијата е направена на денот на одржувањето на охридскиот пливачки маратон, а не во некое од луксузните одморалишта во соседните земји каде летуваа македонските министри, пратеници и други високи владини функционери. Доколку, уредниците и новинарите од споменатите медиуми, претендираат да имаат професионален однос во вршењето на својата работа, тогаш требаше да објават и фотографии на функционери од актуелната власт, кои во услови на длабока економска криза во Македонија, летуваа и уживаа на плажите кај нашите соседи, особено кај оние  со кои имаме сериозни билатерални проблеми, се вели во реакцијата.

OhridNews