Актуелниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, на општинаката конференција на СДСМ што се одржа синоќа, со акламација беше избран за кандидат за градоначалник на претсојните локални избори.

Претходно од кандидатурата се откажа претседателот на општинската организација Науме Јованоски, по што делегатите му ја доверија довербата на Петрески по трет пат да ја предводи партијата на локалните избори, информираа од партијата.
Според најавите кандидатурата на Петрески за градоначалник, ќе биде официјализирана на митинг на СДСМ што ќе се одржи во Охрид кон крајот на месецов.
OhridNews