Последните инциденти во кои од несовесни скутерџии беа повредени две лица, според градоначалникот Александар Петрески се доказ дека безбедноста во Охридското езеро  и понатаму е на незавидно ниво.


–    Токму за состојбите во Капетанијата, која е задолжена за езерскиот сообраќај, неодамна реагиравме, но по се изгледа залудно. Еве сега повторно апелираме до власта да ја среди ситуацијата во оваа институција и конечно да постави капетан. Сезоната е во полн ек, а капетанијата е без раководство и не е способна да ја извршува својата функција, рече Петрески на прес- конференцијата која ја оддржа пред Капетанијата на пристаништа.
 
Според него, патролите на полицијата очигледно се недоволни, со оглед на тоа дека поединци успеваат да дивеат со скутери и да поминат незабележано.


–    Јасно е дека забраната за скутери трае еден месец, но тоа не значи во останатиот период да владее хаос на езерото. Малку ни беше несреќата со „Илинден“, која стави црна дамка на безбедноста и туризмот во Охрид. Не ни доаѓа памет, па сега во сред сезона Охрид е оставен без капетан на капетанијата. Кога планирате да поставитте одговорно лице во капетанијата.Ако ви е планот капетан да поставите во октомври, тогаш капетан не ни треба, додаде Петрески.

OhridNews