Петрески: Тендерите за ЕМО ќе пропаѓаат се додека Владата не понуди реални услови
26.08.11 07:30
Крајно време е Владата да превземе конкрентни мерки за да ги спаси охридските фабрики кои некогаш беа гиганти, а сега пропаѓаат. Да не организира продажба преку тендери кои само формално се прават, со оглед на условите за продажба кои им се нудат на евентуалните инвеститори, вели градоначалникот Александар Петрески.
– И последниот тендер за продажба на ЕМО- Охрид беше неуспешен. Причината ја гледам во тоа што условите под кои Владата ја нудеше компанијата се неиздржани. Ниту еден инвеститор не би купил компанија со толкави долгови, и тоа под услов да ги задржи вработените во наредните неколку години, особено кога постојано по партиска линија се вработуваат нови луѓе во ЕМО- Охрид. Истовремено, плати не им се исплаќаат на вработените, со што само се зголемуваат обврските на компанијата, вели Петрески.
Последниот, шести обид за продажба на загубарот „ЕМО-Охрид“ пропадна откако ниту една компанија не достави понуда на распишаниот тендер. Интерес за купување на ЕМО покажа единствено една турска компанија, која подигна и тендерска документација. И покрај тоа, по направената ревизија за состојбите во фирмата, турските инвеститори поради огромните долгови очигледно не најдоја интерес да го купат некогашниот гигант во електроиндустријата.
Вкупната загуба на ЕМО минатата година изнесуваше 3,8 милиони евра, додека за годинава беше најавено намалување на загубата за 25 проценти.
Сега се чека Владата да одлучи што понатаму со судбината на оваа компанија.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на на...
Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома со кои управува ТАВ Македонија, Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 3,3 милиони пат...
Наградата „Драги“, воспоставена во чест на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист кој остави траен белег во македонската култура со препевите на целокупното дело на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.