
– Како на докажан пријател на Охрид и вљубеник во нашиот град, Вам и на пријателите во Италија како и целиот италијански народ, во име на граѓаните на општина Охрид и во лично име, Ви го изразувам длабокото сочувство за земјотресот што ја погоди областа Абруцо и жртвите од него. Ја споделуваме заедно со сите вас големата тага и ненадоместливата болка за изгубените човечки животи. Доколку Ви значи извесна утеха нашето сочувствување за штетите и жртвите од земјотресот, бидете убедени дека во овие тешки моменти за сите вас, тагата ја споделуваме и ние, вашите пријатели од космополитскиот Охрид – се вели во телеграмата со сочувство што ја испрати градоначалникот Петрески до проф. Бјанки и италијанските пријатели на Охрид.












