
Несфатливо е како можат во јавност да се изнесат такви небулози, а притоа да не се сака да се видат фактите врз кои единствено може да се цени мојата успешност, вели Петрески. Само за потсетување на јавноста треба да се напомене дека не само што градот успешно менаџира со „Проаква“ и јавните добра, туку и истовремено ги враќа оставените долгови од минатото раководство на јавното претпријатие и поранешната градска власт кои беа од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Само за неплатена струја за колекторот тие на општината и оставија долг од 1 милион евра кој ние сега успешно го сервисираме вели Петрески.
Само ВМРО ДПМНЕ не сака да го види тоа што сите го гледаат, додава Петрески.„Зарем не постои ниту една добра работа која сме ја направиле па ВМРО ДПМНЕ еднаш да излезе и да ја пофали градската власт?“, прашува Петрески. За мојата успешност зборуваат фактите, а најмалку за тоа може да говори „успешниот менаџер“ на „Трудбеник“, сега „успешен менаџер“ -портпарол на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид, завршува Петрески.
Ohridnews












