
Во реакцијата се наведува дека токму ВМРО ДПМНЕ преку премиерот своите пратеници и советници е виновна за стагнацијата на Охрид.
-Градоначалникот Александар Петрески, во услови на целосна блокада од централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ, во изминативе речиси осум години го препороди Охрид. Целосно го смени ликот на централното градско подрачје и заедно со локалната самоуправа направи капитални инфраструктурни објекти. Направи многу повеќе отколку градоначалниците од ВМРО- ДПМНЕ, кои добиваат многу бенефиции и државни пари.-реагира Кабинетот на Петрески.
Во неа уште се наведува дека режимот на ВМРО ДПМНЕ е виновна за доцнењето на изградбата на катната гаража, автобуската станица и другите капитални објекти во Охрид бидејќи се кочелодонесувањето на деталните урбанистички планови и давањето на државното градежно земјиште на стопанисување на општината, што било основен услов за реализирање на капиталните инвестиции.
-Не обудувајте се да скриете дека Груески и ВМРО- ДПМНЕ изградија жичарница до Водно , а не до Галичица , парите за автопатот до Охрид ги пренаменија за Штип и направија многу нешта за да го опустошат најголемиот културен и туристички центар во Македонија.-се вели во реакцијата, во која уште стои дека граѓаните ги препознаваат добрите намери и постигнатото и дека по трет пат ќе му ја дадат поддршката на градоначалникот Петрески на претстојните локални избори.












