
– Крадците мислат дека сите граѓани се крадци. За тоа колку се криминалци тие од СДСМ, власта ги има на располагање сите инструменти и институции и може ако сака нешто да докаже тоа да го направи со докази, а не со прес конференции. Нека кажат како може спомениците во Охрид на Св. Климент и Св. Наум, направени од најдобар материјал и од најдобриот скулптор да чинат по 160 000 евра, а тие во Скопје со иста димензија да чинат по милион евра, рече Петрески.
Градоначалникот истакна дека неговиот брат е државен службеник и дека се гордее со него бидејќи станува збор за чесен човек.
– Тој е дипломиран инженер со две децениско работно искуство. Причината што мојот брат е поставен на чело на Комисија за јавни набавки е за да нема никакви манипулации. Тој не е ниту поставен, а се кажува за неков криминал, рече Петрески.
Тој потенцира дека на следната седница на советот ќе предложи ВМРО- ДПМНЕ да даде предлог кој да раководи со комисијата, предлог кој потоа тој ќе го прифати.
Тој ги отрфли обвинувањата за непотизам на Шокароски, за кој рече дека нема морален кредибилитет за такви квалификации и истовремено го повика пратеникот на ВМРО ДПМНЕ да објасни дали како неговиот брат се вработил во специјалната болница за ортопедија и трауматологија.












