Бо охридската касарна која наскоро ќе биде отстапена на општината нема да се градат колективни, ниту индивидуални згради за домување.

Ова го изјави  градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека просторот во касарната ќе има исклучиво образовна намена.

Еден дел веројатно ќе биде наменет за потребите на населбата „Радојца Новичиќ“ бидејќи тука нема спортски терени, а ќе се изградат и спортска сала и базен, но сето тоа во функција на образованието, им изјави на новинарите Петрески.