Петрески времено ги одложува собирите за основање урбани заедници
21.12.10 15:37
По инцидентите што се случија на вчерашниот собир на граѓани за избор на Совет на урбаната заедница „Видобишта“, градоначалникот Александар Петрески одлучи времено да ги одложи закажаните собири. Тој смета дека има сценарија за правење инциденти и постои вмешаност на некои политички партии, па затоа собирите на граѓани ќе бидат презакажани кога ќе се создадат услови за нивно непречено одвивање.
– Не смееме да дозволиме насилството какво што беше демонстрирано на синоќешниот собир на граѓани од населбата „Видобишта“ да се повтори на другите средби. Речиси половина час инсистирав од салата да излезат оние граѓани кои не живеат во оваа урбана заедница , но безуспешно. Сите знаат кои се оние што го направија инцидентот , кошкањето и обидите за физички напад. Меѓу нив имаше членови на ВМРО- ДПМНЕ, па дури и блиски членови на семејствата на локални функционери на ВМРО- ДПМНЕ кои не живеат во „Видобишта“, вели Петрески.
Од општинската ВМРО ДПМНЕ пак му порачуваат на Петрески да престане да го користи и злоупотребува името на оваа партија за оправдување и преставување како жртва и за своето катастрофално раководење со Охрид.
– Како партија однапред укажавме дека не е потребно мешање на политиката во овие граѓански иницијативи и натаму ги поддржуваме граѓаните без разлика на партиските симпатии во борбата против скратените права и манипулациите на локалната власт . Вчеравечер на Петрески конечно му се случи отпор , му се случи народ , кој јасно покажа дека е доста од манипулациите , лагите и неспособноста на Петрески и неговите сопартијци. Петрески со одлуката за стопирање на процесот на формирање на Урбани заедници, денес, дефинитивно капитулираше пред сопствените граѓани, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Од СВР- Охрид информираат дека од нивна страна се превземаат мерки за целосно расчистување на овој настан, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат ...
Претставата „Генијална идеја“ на Народен театар Охрид по текст на повеќе автори, а во драматургија и режија на Ненад Витанов, ќе биде одиграна во вечерва со почеток во 20 часот Во оваа социјална ко...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен пра...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.