ГРК Охрид во рамки на деветтото коло од Супер лигата во петок ја пречекува екипата на МРК Куманово.

Наш следен противник е Куманово и свесни сме дека ниеден меч не е лесен. Против Прилеп покажавме одличен пристап и енергија на теренот, со ист таков пристап мора да настапиме и дома. Ако го дадеме својот максимум и останеме фокусирани од почеток до крај, верувам дека победата ќе остане во наши раце, изјави ракометарот на ГРК Охрид Стефан Петриќ.

Натпреварот се игра во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 16 часот.

OhridNews