Од трибините веднаш до новинарските места финалниот натпревар во Купот на Македонија го гледаше Владимир Петриќ, кој поради повреда неможеше да настапи за тимот на Вардар.

Трофејот од Купот, кој е деветти за Вардар е мала утеха за ракометарите во црвено црни дресови.
– Купот не е трофеј, кој ни беше приоритет пред почетокот на сезоната, но сепак и тој е од големо значење. Имавме високи цели кои делумно ги исполнавме, а останува да жалиме за загубената битка за титулата – додаде десниот бек на Вардар.
Мх.П.











