Нема ни теоретски шанси без постигнување на политички договор СДСМ да излезе на локалните избори, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров, на протестот на опозицијата, пренесува „макфакс“.

Сакам уште еднаш да подвлечам дека без договор за предвремени парламентарни избори нема решение за излез од оваа криза. Доколку не се смогне доволно политички капацитет од страна на власта, тој факт да се прифати, Македонија на 24ти март ќе биде земја без здружената опозиција на локалните избори и земја во која нема да има опозициони пратеници во Парламентот.“ – истакна Петров.

Според него, досегашните поднесени независни листи на личности од СДСМ, не се кредибилни. 

Не видовме градоначалници од СДСМ на независни листи како што власта упорно тврдеше што неминовно води само до еден заклучок. Г-дине Груевски, единствена опозиција во Македонија која има кредибилитет е здружената опозиција предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски.” – порача Петров.

OhridNews

извор: „Макфакс“