Македонија не успеа да стартува со победа на евробаскетот во Охрид, откако со 76-60 беше поразена од Израел. Уште на првиот натпревар на младинките на површина излегоа сите недостатоци за успех на едно вакво за нас големо натпреварување.
Избраничките на Александар Петровиќ беа наттрчани, надшутирани, а само статистиката ги спаси да не бидат и над скокани од далеку подобриот противник во името на селекцијата на Израел.
- Очекував еден ваков тврд натпревар, се исполна она од што најмногу се плашев а тоа е нашата физичка (не)подготвеност. Израел е физичка по подготвена екипа од нас, ние имавме свои шанси, но промашувме доста зицери како резултат на нашата неподготвеност. Повредата на Тантуроска во целост ја поремети нашата игра. Ане одлично влезе во мечот погодуваше и додаваше, а нејзиното излегување едноставно не исфрли од ритам - рече по завршувањето на мечот селекторот Александар Петровиќ.
Македонија нема време за чекање, а вечерва ќе го одигра можеби клучниот натпревар за влез во 1/4 финалето против Холандија. - Физички сите екипи се поподготвени од нас, на ваквко натпреварување не се оди со 3 недели подготовки, единствена предност за нас во мечот со Холандија ќе биде тоа што тие не се пргави и агресивни како Изреал, видовте Израел не изеде- заврши Петровиќ.
Натпреварот Македонија - Холандија се игра вечерва во 21 часот.
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон “насоките за...
Пред се мислам дека екипата на Дукла Прага е една сериозна екипа која игра во Чешкото првенство и се бори за титула Мислам дека нема да ни биде лесно, но ќе дадеме се од себе да оствариме пред се ш...
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.